<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d13432407\x26blogName\x3dMoto+Drivers\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/\x26vt\x3d12190939446940058', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Smoke on the water во Скопје

18 јули - стануем к’ј 12 саат од спиење и идем до кујна да зеем да јадем и мајка ми ми вика: „Цале утре е 19 јули“ и ја и викам знам мамо утре е денот што никогаш нема да се повтори. И ваке-таке едвај д’ноt пројде и мие со друштвото зедовмо две гитаре и у ајдучко маало се загревавмо со песне од Дип Парпл.

19 јули - станав негде к’ј 2 саат и одма се припревав за може да кажем настанот на милениумот во сферата на музиката и пошироко концертот на DEEP PURPLE во Скопје. Настан кој веројатно нема никад да се повтори. И таке дојде време да тргнем накај Скопје. Никад нема да го забреем тоа чувство на возбуда, чувство кое неможе да се опише со зборови. И ете дојде тој момент кога се собра голема толпа пред влезот во Скопскиот саем и ја крајно возбуден влегов внатре каде што неколку часа предтоа туе газеле Јан Гилан, Јан Пејс, Роџер Гловер, Стив Морс и Дон Ејри. Се чувствуеше возбуда и еуфорија меѓу људите кои ги имаше од 7 до 77 године. И таке ние рокериве од Тетово решивме пред да влеземе на големиот простор под отворено небо да се помочаме и таке настрада една зграда во саемот. Откако се олеснивме се вративме на патеката која водеше до свирката или концертот на DEEP PURPLE.

Се собраа околу 7-8 илјаде индивидуе и ја имав среќа да се изгурам меѓу првите редови и од близу да ги видим рок легендете. Рокенролот нокогаш нема да умре верувајте ми во тоа. Времето проаѓаше и на бина се појавија момците од групата Морал предводени од младиот Влатко. Го отворија концертот со „Мора да е кошмар“ и веднаш предизвикаа реакции од публиката. Но ние не би биле Македонци ако не се вреѓаме сами меѓу себе па имаше некои гои го исвиркуваа Влатко и Морал, стварно некоректно од нив. Но што е туе туе е јебига. Откако исвиреа неколку познати песни и една легендарна преработка ја отсвиреја „Кога патувам “ со што го најавија нивното заминување од бината, а тоа воедно значи и настап на легендарните DEER PURPLE. По десеттина минути на сцена се појавува Јан Гилан што предизвикува огромно одушевивање на публиката. Веднаш по него излегуваа и останатите членови на легендарниот и единствениот DEEP PURPLE.

Почнаа со песни од последниот албум Bananas што помина сосема солидно. Потоа следуваа Women from Tokio на која публиката едноставно полуде. Исто таке одлично помина и првиот хит на DEEP PERPLE Hush, kako i Strange Kind of Women. Уживање имаше и на
Highway Star i Black Night. Потоа следува инструметалката на новиот гитарист на бендот Стив Морс кој мене ми праеше многу ќејф. Бев пријатно изненаден од него. Покажа дека добро го владее својот инструмент и со неговото присуство како да не се почуствува неприсуството на оригиналнот гитарист Ричи Блекмур. И за мене и не се почуствува. Феноменаллно од негова страна. На крај на неговото соло имаше неверојатен аплауз од страна на публиката. После неколку песне време да ги покаже своите квалитети имаше клавијатуристот Дон Ејри. Свиреше некои работи типични за на клавир и кога на општо изненадување на публиката неговото соло премина во сегмент од нашата легендарна „Јовано,Јованке“. Публиката одушевена пееше со него. Ја бев паднат во тотален транс, а верувам и голем дел од публиката. Неговото соло заврши со музиката од филмот „Војна на ѕвездите“. Следуваше голем аплауз.

Следуваа уште неколку песне по што гитаристот Стив Морс ги фати веројатно најлегендарните рифофи на историјата на музиката, легендарната „SMOKE ON THE WATER“. Тоа беше срцето на концертот момент кој долго ќе се памети или кој никогаш нема да се забрее. Мислим дека голема грешка направија тие што не платија 1 000 денари кои стварно се исплатија. Публиката пееше smoook on the water fire in the sky smook on the water fire in the sky. Додека публиката пееше легендете гледаа и уживаа. По крајот на оваа песна Јан Гилан и се заблагодарува на публиката и најавува крај на концертот по што публиката извикуваше WE WANT MORE WE WANT MORE.Следува враќење на сцената по што изведуваа уште неколку песни меѓу кои и одличната Lazy. Недостасуваа само Child in Time и Speed King како и Soldier of Fortune на Јан Гилан.

Без оглед на годините они покажаа дека рокенролот е онаа вистинска работа. Покажаа и докажаа дека ROCK N ROLL NEVER GONNA DIE!!!

I WILL ROCK TILL I DIE- LOVE CALE
« Home | Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »

3:50 попладне

Јули, а не јуни ;-)

А не спомињаш за знамето а.. а Влатче - филм на 2 нозе, ама ја проаѓа некако.    



12:50 претпладне

Epa brat od tolku mnogu stvari stvarno zabreev za toa god damed ;-)    



2:09 попладне

богами ми беше криво што немоев да идем. ама крисмас.    



» Објави коментар