<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d13432407\x26blogName\x3dMoto+Drivers\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/\x26vt\x3d12190939446940058', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Заебан Blues во Скопје

Пред неколку дена во летниот клуб „Колосеум“ се одржаа првата, а по тоа и втората вечер од Блуз и соул фестивалот. Во првата вечер настапија Raw Hide од Србија и Црна Гора {бивша Југославија} и Vargas blues band, додека на втората вечер настапија Британците Nine below zero и Coen wolters band. Концертот го отворија одличните блузери од нашиот северен сосед Raw hide. Нивниот динамичен блуз е плод на многу работа бидејќи бендот постои од 1982 година и постојано настапува низ многу клубови. Илјадниците свирки се одразуваат на нивното безпрекорно свирење и владеење на своите инструменти како и на подигнувањето на атмосверата во публиката. Тие се претставија со своите жестоки песни, со одличните гитатски сола и со цврстата ритам секција. Иако бендов потекнува од нашиот северен сосед звучи како да потекнува од Чикаго и како редовно да свири во нивните клубови.

По едночасовниот настап на Raw Hide на сцената се појавуваат Vargas blues band. Лидерот на Vargas blues band Havier Vargas стекна светска репутација со мешањето на блузот и шпанското фламенго и со тоа доби место меѓу врвните блуз гитаристи. Токму тоа го прави еден од најпродаваните блуз гитаристи и чест гостин на познати светски имиња. Публиката во Скопје уживаше во двочасовната свирка на Vargas blues band и нивните прекрасни солажи и комбинации од тажен и пожив блуз. Инаку некаде на средината од свирката на сцената се качи и Девон Алман кој е инаку син на легендарниот Грег Алман. Нај интересно беше на крајот на концертот кога публиката со огромен аплаус ги врати на получасовен бис на кој тие свиреа преработки од познати блузери. Најмногу реакции предизвика преработката на легендарната „Лејла“ од Ерик Клептон.

П.С. За Британците Nine below zero и Coen wolters band други пут.
« Home | Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »
| Next »

3:20 попладне

еј ај остај мејл за контакт

и ептен ти е закон сеа блогов, црн.

риспект    



8:07 попладне

е-маил за контакт еве ти: motormashine@yahoo.com !

Looove Jay and Silent Bob!    



» Објави коментар