<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d13432407\x26blogName\x3dMoto+Drivers\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/\x26vt\x3d12190939446940058', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Галерија

петок, јули 29, 2005
Еве стаев галерија, па кој сака нека ја глеа. Сеа зеам слике од други групе и ќе ги аплоудирам, и наскоро ќе имате околу 161,568,601 слике :)! Сеа за сеа имате од Металика и слике од Мотори. Наскоро ќе има слике од Моторхед, Ганс енд Роузис, ЗиЗи Топ и тако даље.

Loove Jay and Silent Bob...

Smoke on the water во Скопје

сабота, јули 23, 2005
18 јули - стануем к’ј 12 саат од спиење и идем до кујна да зеем да јадем и мајка ми ми вика: „Цале утре е 19 јули“ и ја и викам знам мамо утре е денот што никогаш нема да се повтори. И ваке-таке едвај д’ноt пројде и мие со друштвото зедовмо две гитаре и у ајдучко маало се загревавмо со песне од Дип Парпл.

19 јули - станав негде к’ј 2 саат и одма се припревав за може да кажем настанот на милениумот во сферата на музиката и пошироко концертот на DEEP PURPLE во Скопје. Настан кој веројатно нема никад да се повтори. И таке дојде време да тргнем накај Скопје. Никад нема да го забреем тоа чувство на возбуда, чувство кое неможе да се опише со зборови. И ете дојде тој момент кога се собра голема толпа пред влезот во Скопскиот саем и ја крајно возбуден влегов внатре каде што неколку часа предтоа туе газеле Јан Гилан, Јан Пејс, Роџер Гловер, Стив Морс и Дон Ејри. Се чувствуеше возбуда и еуфорија меѓу људите кои ги имаше од 7 до 77 године. И таке ние рокериве од Тетово решивме пред да влеземе на големиот простор под отворено небо да се помочаме и таке настрада една зграда во саемот. Откако се олеснивме се вративме на патеката која водеше до свирката или концертот на DEEP PURPLE.

Се собраа околу 7-8 илјаде индивидуе и ја имав среќа да се изгурам меѓу првите редови и од близу да ги видим рок легендете. Рокенролот нокогаш нема да умре верувајте ми во тоа. Времето проаѓаше и на бина се појавија момците од групата Морал предводени од младиот Влатко. Го отворија концертот со „Мора да е кошмар“ и веднаш предизвикаа реакции од публиката. Но ние не би биле Македонци ако не се вреѓаме сами меѓу себе па имаше некои гои го исвиркуваа Влатко и Морал, стварно некоректно од нив. Но што е туе туе е јебига. Откако исвиреа неколку познати песни и една легендарна преработка ја отсвиреја „Кога патувам “ со што го најавија нивното заминување од бината, а тоа воедно значи и настап на легендарните DEER PURPLE. По десеттина минути на сцена се појавува Јан Гилан што предизвикува огромно одушевивање на публиката. Веднаш по него излегуваа и останатите членови на легендарниот и единствениот DEEP PURPLE.

Почнаа со песни од последниот албум Bananas што помина сосема солидно. Потоа следуваа Women from Tokio на која публиката едноставно полуде. Исто таке одлично помина и првиот хит на DEEP PERPLE Hush, kako i Strange Kind of Women. Уживање имаше и на
Highway Star i Black Night. Потоа следува инструметалката на новиот гитарист на бендот Стив Морс кој мене ми праеше многу ќејф. Бев пријатно изненаден од него. Покажа дека добро го владее својот инструмент и со неговото присуство како да не се почуствува неприсуството на оригиналнот гитарист Ричи Блекмур. И за мене и не се почуствува. Феноменаллно од негова страна. На крај на неговото соло имаше неверојатен аплауз од страна на публиката. После неколку песне време да ги покаже своите квалитети имаше клавијатуристот Дон Ејри. Свиреше некои работи типични за на клавир и кога на општо изненадување на публиката неговото соло премина во сегмент од нашата легендарна „Јовано,Јованке“. Публиката одушевена пееше со него. Ја бев паднат во тотален транс, а верувам и голем дел од публиката. Неговото соло заврши со музиката од филмот „Војна на ѕвездите“. Следуваше голем аплауз.

Следуваа уште неколку песне по што гитаристот Стив Морс ги фати веројатно најлегендарните рифофи на историјата на музиката, легендарната „SMOKE ON THE WATER“. Тоа беше срцето на концертот момент кој долго ќе се памети или кој никогаш нема да се забрее. Мислим дека голема грешка направија тие што не платија 1 000 денари кои стварно се исплатија. Публиката пееше smoook on the water fire in the sky smook on the water fire in the sky. Додека публиката пееше легендете гледаа и уживаа. По крајот на оваа песна Јан Гилан и се заблагодарува на публиката и најавува крај на концертот по што публиката извикуваше WE WANT MORE WE WANT MORE.Следува враќење на сцената по што изведуваа уште неколку песни меѓу кои и одличната Lazy. Недостасуваа само Child in Time и Speed King како и Soldier of Fortune на Јан Гилан.

Без оглед на годините они покажаа дека рокенролот е онаа вистинска работа. Покажаа и докажаа дека ROCK N ROLL NEVER GONNA DIE!!!

I WILL ROCK TILL I DIE- LOVE CALE

Заебан Blues во Скопје

понеделник, јули 11, 2005
Пред неколку дена во летниот клуб „Колосеум“ се одржаа првата, а по тоа и втората вечер од Блуз и соул фестивалот. Во првата вечер настапија Raw Hide од Србија и Црна Гора {бивша Југославија} и Vargas blues band, додека на втората вечер настапија Британците Nine below zero и Coen wolters band. Концертот го отворија одличните блузери од нашиот северен сосед Raw hide. Нивниот динамичен блуз е плод на многу работа бидејќи бендот постои од 1982 година и постојано настапува низ многу клубови. Илјадниците свирки се одразуваат на нивното безпрекорно свирење и владеење на своите инструменти како и на подигнувањето на атмосверата во публиката. Тие се претставија со своите жестоки песни, со одличните гитатски сола и со цврстата ритам секција. Иако бендов потекнува од нашиот северен сосед звучи како да потекнува од Чикаго и како редовно да свири во нивните клубови.

По едночасовниот настап на Raw Hide на сцената се појавуваат Vargas blues band. Лидерот на Vargas blues band Havier Vargas стекна светска репутација со мешањето на блузот и шпанското фламенго и со тоа доби место меѓу врвните блуз гитаристи. Токму тоа го прави еден од најпродаваните блуз гитаристи и чест гостин на познати светски имиња. Публиката во Скопје уживаше во двочасовната свирка на Vargas blues band и нивните прекрасни солажи и комбинации од тажен и пожив блуз. Инаку некаде на средината од свирката на сцената се качи и Девон Алман кој е инаку син на легендарниот Грег Алман. Нај интересно беше на крајот на концертот кога публиката со огромен аплаус ги врати на получасовен бис на кој тие свиреа преработки од познати блузери. Најмногу реакции предизвика преработката на легендарната „Лејла“ од Ерик Клептон.

П.С. За Британците Nine below zero и Coen wolters band други пут.

Историја на металот

петок, јули 08, 2005
Metal музиката е најгласната и најјаката музика на светот. Без обзир на тоа што металот често доведува во врска со сатанизмот, суштината во metal-от воопшто не е во тоа, секој бенд си има свое уверение. Постојат како христијански така и анти-христијански, сатански и пагански бендови, али најчесто не е религијата таа која е главен дел во нивната музика. Постојат четири основни теории за тоа кој започнал со metal-oт. Првата теорија вели дека е бендот Black Sabbath кој започнал со heavy metal-от и тоа во 1970 (албум “Paranoid”), а бенд кој го измислил името е Judas Priest 1976 со новниот втор албум “Sad Wings Of Destiny”, поточно со песната “The Ripper”.

Iron Maiden е првиот heavy metal бенд кој од почетокот на нивната кариера свиреле (и сеуште свират) heavy metal, така да Black Sabbath и Judas Priest немаат до 1976 снимени метал албуми (пр. “Technical Ecstasy” и “Rocka Rolla”). Втората теорија вели дека терминот heavy metal првиот пат е користен уште кај групата Steppenwolf (песна “Born To Be Wild” и делот кој оди “I like smoke and lighting, heavy metal thunder”). Третата теорија вели дека Led Zeppelin се тие кои го измислиле heavy metal-от и тоа пред песната “Kashmir”. Четвртата и најчудна теорија, вели дека heavy metal-от стигнува од Beatles и песната “Helter Skelter”. Почетокот на metal-от беше нихилистички, па и по малку морбиден. На metal-от влијаеле од примитивен blues, класични работи, па се до anti-rock/heavy култура. Бендовите како што се Led Zeppelin, Black Sabbath, Judas Pries, Iron Maiden и Motorhead светот го претставија металски како една нова иновација во светот на музиката. Со музичките страни тие доста презедоа од blues-от, rock and roll-от со тоа што “roll” го оттргнаа, и презедоа јаки и моќни рифови.

Метал музиката постои веќе 30 години и во тој период доста се менувала и се усовршувала. Критичарите го поделија тој период на четири помали периоди: I период (1969-1983), II период (1983-1988), III период (1988-1996) и IV период (1996-сегашност). Во првиот период најзначајни се бендовите: Black Sabbath, Iron Maiden, Motorhead и Judas Priest кои ги удриле темелите на металот и нивните генерации. Тие го отфрлија целиот blues, темпото го забрзаа и звукот го зацврснаа. Го задржаа само значајниот, жестокиот, брз и цврст metal звук. Вториот период е прав напредок насекаде во светот. Се појавуваат различни metal жанрови почнувајќи од speed metal кој набргу се претвори во thrash, па до death и black metal. Америчкиот бенд Slayer заслужен е за почеток на death metal-от, а следуваше и цел низ одлични death metal бендови како што се: Sepultura, Death, Morbid Anger… Во Германија ова е почеток на сјајниот thrash трио: Sodom, Destruction и Kreator кои повеќето ги сметаат за кралеви на европскиот thrash, додека за кралеви на америчкиот thrash се сметаат Metallica, Megadeath и Anthrax.

Третиот период е период на постмодерниот metal. Death metal-от му помогна на black metal-от да се зацврсти како жанр, кој е на некој начин слично на death. Ова е доба на познати скандинавски black metal екслплозии. Инспирираните Celtic Frostom, Sodomom и Bathoryjem, бендовите Darkthrone, Immortal, Emperor, Burzum, Enslaved, Gorgoroth и Graveland остварија импозантен звук во metal музиката. Инаку во овој период сеуште е значајно да се истакне и појавувањето на големиот број power metal бендови кои во главно се инспирирани на NWOBHM бендовите, а нивната изведба е само посилна и брза, слична со death metal-от во тој поглед, само почиста во секој облик. Четвртиот период е започнат во 1996 и трае до денес. Апокалиптичноста на black metal-от го достигна врвот на норвешката сцена. Денес постојат многу бендови кои мислат дека свират metal, и тоа се го нарекуваат nu-metal, ама вистина е дека таа нивна музика нема врска со металот, како што ни тие немаат. Овие бендови не ја претставуваат следната генерација на heavy metal-от, ниту пак следната еволуција на стилот и структурата. Во глобала metalot не е комерцијална музика и не е за широк аудиториум. Metal фановите живеат за metal. Бидејќи доста е оспоруван, metal-от задрема одржувајќи се од својот почеток, па се до денес како еден од најоригинални и најискрениот правец на музиката и уметноста. Позади зборот metal се крие цела една идологија, како музичка така и животна.

Изведувачи и албуми типични за правецот на metal музиката се: Metallica «Master Of Puppets» (1986); Iron Maiden «Powerslave» (1984); Judas Priest «Painkiller» (1990); Black Sabbath «Heaven And Hell» (1980); Slayer «Reign In Blood» (1986); Queensryche «Operation Mindcrime» (1988); Blind Guardian «Tales From The Twilight World» (1990); Emperor «In The Nightside Eclipse» (1994); Cradle Of Filth «Midian» (2000); Canibal Corpse «Butchered At Birth» (1991); Dream Theater «Images & Words» (1992); Helloween «Keeper Of The Seven Keys» (1987); Megadeth «Rust In Peace» (1990); Bathory «Blood Fire Death» (1988).

Жанровски сродници: Blues-rock, hard rock, stadium rock, heavy rock.

Moto Drivers Logo

четврток, јули 07, 2005