<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d13432407\x26blogName\x3dMoto+Drivers\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/\x26vt\x3d12190939446940058', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Metallica-the best of the best

четврток, јуни 30, 2005
Metallica се едноставно кажано најдобрите,најпопуларните и највлијателниот метал бенд во стетов. Metallica во осумдесеттите (80-тите) ја вратија вистинската музика назад на земјата. Во времето кога доминираа обичните рок-ѕвезди и уште пообичните поп-метал ѕвезди членовите на Metallica изгледаа и збореа како да се излезени од улица или буквално паднати од небо (во позитивна мисла на зборот). Metallica го поставија лимитот како треба да изгледа и звучи треш-метал музиката. Нивното прво издание го остварија во 1983 година наречено „Kill em all“. Тука беше почетокот на андерграунд хеви метал звукот и воведување на нови треш звуци. Со секој нареден албум бендот стануваше се подобар и подобар во секој поглед од квалитетот на свирењето до текстовите.

James Hetfield стана еден од најдобрите ритам гитаристи на светот, додека водечкиот гитарист Kirk Hammett стана еден од најмногу копираните гитаристи во рок и метал индустријата. Lars Ulrich одлично држеше закон ритми на бубњеви и тоа надополнувајќи го со феноменалните бас мелодии на Clif Burton звучеше неверојатно добро.По издавањето на одличниот албум „Master of puppets“ во 1986 година се случува голема трагедија во која во сообраќајна несреќа трагично погинува легендата на металот оригиналниот басист на Metallica Clif Burton. Кога бендот реши да продолжи да свири Jason Newsted беше назначен за нов басист на Metallica.

Све години подоцна бендот го издава амбициозниот албум …And Justice for All. Овој албум се најде на топ десет најдобри
албуми во таа година и тоа без да биде пуштан на радио и со многу мала подршка од MTV.Но Metallica продолжуваат понатаму и во 1991 година го издаваат легендарниот Black албум во чест на трагично загинатиот Clif Burton. За успехот на овој албум говори и податокот дека беа продадени околу седум милиони копии само во С.А.Д. После ова бендот прави долга турнеја која трае близу две години. Во деведесеттите Metallica ги менуваат правилата и стануваат најпочитуваниот хеви метал бенд. Тие станаа лидери на овој жанр музика. Ниту еден хеви метал бенд не ги достигна Metallica. Сепак како и да е Metallica губи фанови по издавањето на Load во 1996 година. Ова пред се се должи на промената на звукот и веќе Metallica не свири тежок треш, туку повеќе свири фраерска музика. Тие ги скратија своите долги коси. Сепак не беше се толку црно околу овој албум, од алумот се продадоа преку три милиони копии за неполни два месеци. Потоа бендот го издава „Re Load“ кој има стварно многу фраерска музика.(Слушнетеја само Beed seed или Fuel) Следно издание им е Garage inc. Кое е издадено во 1998. Во 1999 година Metallica издаваат концерт на две cd-а придружуван од
San Francisvo Symphony.

Во 2000 година бендот го следат многу контроверзии за легалното користење на Napster-фалј кој овозможува бесплатно даунлодирање на музика. Потоа имаше многу караници помеѓу членовите на бендот, James Hetfield имаше проблеми со алхоколот, басистот Jason Newsted го напушта бендот и на негово место е доведен Роберт Трухиљо и во 2003 година го издаваат St.Anger so koj se враќаат на старите добри времиња

ZZ Top-Тексашки блуз рок

вторник, јуни 28, 2005
Бесмртното блуз-рок трио ZZ Top го сочинуваат Били Гибонс-гитара,Дасти Хил-бас и Френк Брд-бубњеви. Тие се формирани во далечната 1970 година во Хјустон. Хил и Брд членувале во групата American blues,додека Гибонс членувал во ривалската група the Moving Sidewalks. Првите два албуми на ZZ Top се направени под силно влијание на тежок блуз и тексашки хумор. Нивниот трет албум (Tres Hombres) го привлече националното внимание најмногу благодарение на нивниот хит „La Grange“. Поради овој нивни голем успех низ 70-тите години ZZ Top одржале една и пол годишна турнеја наречена „Worldwide Texas“.

Поради големиот замор од долгата и напорна турнеја членовите на ZZ Top решаваат да земат пауза и ги немаше три години на сцена. Враќењето го најавија со одличните песни „Doguello“ и „El Loco“. Овие песни беа најава за нивниот следен доста квалитетен албум „Eliminator“. Тука тие успешно внесуваат синтисајзер,кој одлично се вклопува со нивниот grunge blues grove стил. Тоа доведува да станат и доста популарни надвор од границите на С.А.Д. На овој албум најмногу се приметува напредокот на Гибонс кој станува еден од најдобрите Американски блуз гитаристи. Он работеше со Британскиот блуз рок гитарист Peter Green кој многу му помогна за да го достигне тоа ниво. И за на крај мора да знаете дека ZZ Top е единствениот „rock and roll“ бенд кој успеал да опстои со оригиналните членови цели три декади. Па зарем тоа е возможно,па изгледа е(во 1999 година ги прославија трите години заеднички живот).

Историја на панкот

понеделник, јуни 27, 2005
Иако сите основни карактеристики на punk-от (верноста на триакордните песни и едноставните мелодии) содржани во опусот на Lou Reed и Velvet Underground, Iggy & Stooges и MC5, жанр се афирмира на двете страни на Атлантикот дури и во втората половина на седумдесетите години на минатиот век. Се претпоставува дека терминот “punk” го создале двајца критичари, Lester Bangs и Dave Marsh, опишувајќи ја музиката и ставот кои го пропагирале групите како што се MC5 и New York Dolls.

Punk-от бил реакција на алчноста на дискографската индустрија, гломазноста и помпезноста на progressive rock, на стадионските glam rock атракции, слатката pop продукција и социјалните прилики – посебно во Велика Британија. Поедноставно објаснување дал еден амерички rock критичар: “Панкот настојувал да му врати на rock-от сето она што го изгубил станувајќи мегауспешен масовен феномен... да не се појавеше punk-от, rock-от би исчезнал. Во САД punk покретот се развил многу порано отколку во Велика Британија. Помеѓу почетниците треба да се спомне Ramonese и групите и изведувачите собрани околу Њујоршкиот CBGB клуб, кои во текот на 1975 и 1976 настапуваат Patti Smith Group, Talking Heads, Heartbreakers и др. Во Британија во втората половина на седумдесетите години, минатиот век во првиот ред на punk-от се појавуваат Sex Pistols, чии главни карактеристики биле провокативниот сценски настап, експлозивни гитариски рифови на трагата на Faces и анархоидни текстови. Претставниците на punk-от се залажуваат за идејата рудиментарна енергија на базичниот rock и “направи сам“ естетика. Агресивните сценски настапи често биле компензација за слабите инструментални способности на изведувачот, но наспроти тоа punk-от за себе го осигура огромниот одзив кај адолесцентската британска публика која, за разлика од Америчката, ги прифатила како генерациски исказ. Поради тоа тврдењето дека панкот никогаш не е “мртов“, туку менувајќи сй, се разгранува и се трансформира, изгледа реално и вистинито.

Изведувачи и албуми типични за правецот на punk музиката се: Sex Pistols «Never Mind The Bollocks…» (1977); Ramones «Rocket to Russia» (1977); Buzzcocks «Singles Going Steady» (1979); Clash «Clash» (1977); Jam «In The City» (1977); Damned «Damned, Damned, Damned» (1977); Stranglers «No More Heroes» (1977); Wire «Pink Flag» (1977); New York Dolls «Red Patent Leather» (1975); Iggy Pop «Lust For Life» (1977)

Жанровски сродници: New wave, hardcore, punk, post-punk, garage rock, indie rock, proto-punk.

Slash - легендата на рок музиката

недела, јуни 26, 2005
Кога некогаш у овој ебан живот ќе ве прашаат или можда на милионер ќе ви падне прашање: „Кој е најпознатиот и најоригиналниот гитарист на овој розов свет?“ Вие без дилема ќе кажете никој друг освен мене... о, ова Слеш :)! Иако на светов има да не речем и не речуем... На светов можда има преку два миљијарде гитаристи, но само неколку од нив се едни и единствени т.е. оригинални. Еден од нив е секако Слеш - поранешниот водечки гитарист на една легендарна група Ганс енд роузис и моментално главната фаца на Велвет револвер.

Како водечки гитарист на ГНР прерасна во еден во најважните хард рок фаци, Го доби својот препознатлив стил, долга, црна, виткана коса, со цигара во уста и искинати парчиња облека. Во ГНР стана еден од најдобрите техничко прецизни гитаристи. Слеш е роден како Саул Хадсон на 23 јули 1965 година во Стоук, Англија. Неговата мајка работела како дизајнер за облека и работела за филмот на Дејвид Боуви, The Men Who Fell To Earth, додека татко му продуцирал албуми на познати музичари како што се Неил Јанг и Џони Мичел. Неговите родители решиле да се преселат во Холивуд, што било клуч за успехот на Слеш. Таму Слеш ја добива својата прва гитара како подарок за роденден и го запознава оригиналниот или првиот бубњар на ГНР, Стивен Адлер. Кога Саул Хатсон го добил прекарот Слеш од фамилијарни пријатели тогаш тој со Стивен Адлер направиле бенд кој го крстиле по песната на Моторхед Road Crew. Иако бендот проаѓа неуспешно тие двајца се запознаваат со Ексл Роуз, Изи Стредлин и Дав Мекиген и ја оформуваат подоцна легендарната ГНР. Тие дебитираа во јуни 1985, но дури после првиот албум Апетит фор дистракшн кој излезе ви 1987 бендот добива репутација на неверојатни конзумерци на алкохол и корисници на дрога.

Леми Килмистер - металец опседнат со историјата

четврток, јуни 23, 2005
Дали сте знаеле дека Леми Килмистер (вистинското име му е Иан) лидерот на легендарната рок група Моторхед (Motorhead) можел да биде професор по историја во локално училиште и со своите студенти да го дели неговото големо восхитување за Геринг како и големата омраза за, како што ги нарекува тој „Хитлер и Рузвелт“. Но сепак за наша несреќа Леми станал славен моторџија и рокер, благодарение на многуте негови хитови како што се „Ace of Spades“, „Louie Louie“, „Overkill“ како и бесните хеви метал химни како што се „Killed by Death“ и „Orgasmatron“. Иако Леми троши многу пари на нацистички предмети тој себеси не се смета за нацист туку за анархист.

„Роден сум во 1945-та кога сето тоа заврши и затоа тој период не го доживувал како античка историја и не сметам дека Англичаните и Америнканците биле само добри, а Германците биле лоши“. Најскапоцен предмет што го поседува е реткиот мач „дамаскус луфтвафе“ кој вреди околу 10 000 долари. Групата Моторхед (Motorhead) е основана пред 30 години и најголемиот успех го постигна во Германија.Леми никогаш не пропушта можност да прошета низ историските места во Европа, меѓутоа тој никогаш не посетил концентрациски логори. “Херман Геринг е единствениот на кој му се восхитувам, затоа што тој ја презеде одговорноста, кога по војната излезе на судење во Нирнберг. Неговото самоубиство, неколку часа пред да биде обесен, беше фантастично“ вели Леми. Леми ги презира Адолф Хитлер, Френклин Рузвелт, Невил Чемберлен и Јосиф Сталин бидејќи се „лажговци, крадци и егоистични пилиња“. Него му пречи и моменталниот Британски премиер Тони Блер „Мора нешто да не е во ред со оној кој многу се смее“.Леми сватил дека луѓето се лицемерни и дека ништо не учат од минатото, а тоа е пак инспирација за неговите песни.

„Секс, војна, убиство и смрт. Како и правда“ вели тој. Сепак некои од поголемите хитови на Моторхед (Motorhead) се полни со хумор како што е „Killed by Death“, а една нумера ја има и во детскиот филм „Сунѓерчето Боб со коцкести панталони “.
Моментално во Моторхед (Motorhead) единствен оригинален член е токму Леми кој истовремено свири на бас и пее, заедно со гитаристот Фил Кембел и со тапанарот Мики Ди.

Бендот настапува околу 8 месеци секоја година. Досега има 21 албум и најновиот се вика „Inferno“. Иако најпродавано издание им е „No sleep til hammersmith (1981)“, со тираж од само 500 000 копии нивното влијание е непроценливо. Многу хевиветалци го посочуваат токму Леми како инспирација за нивната музика. На пример момците од мегапопуларната група „Metallica“. Леми Килмистер напишал неколку текстови за Ози Озборн кој е негов голем пријател. Меѓу нив е и легендарната балада „Mama, im coming home“.Леми никогаш не се оженил, но затоа живи со харем од 5 девојки на возраст меѓу 18 и 25 години.Тој живее како Хју Хефнер.

Easy Riders - мото журка во Скопје

вторник, јуни 21, 2005
Ете, конечно и ние може да се пофалиме дека сме присуствувале на еден моторџиски спектакл. Пофални зборови до организаторот на овој моторџиски собир, моторџискиот клуб Изи Рајдерс (Easy Riders), кој ни овозможи и ние да ги почуствуваме мото - забавите. На дело можевме да видиме повеќе од илјада моторџии од различни земји со нивните екстра мотори од типот на Харли Дејвитсон, Јамаха, Хонда, Бе-ем-ве... Дури имаше и некои мотори кои вредеа повеќе од 10,000 евра, како и доста рачно спектакуларно изработени мотори. Видовме и ретко легален стриптиз и тоа на мотори.

Базата на оваа мото журка беше во кампот Белви, недалеку од излезот на Скопје. Дека одлично го организирале овој дводневен мото спектакл говори и податокот дека дојдоа група од десеттина моторџии од Велика Британија и тоа од познатиот мото клуб „Чопер“. Исто така имаше моторист од Москва од клубот „Ноќни Волци“ кој поминал преку 2,500 километри со својот мотор за да присуствува на овој спектакл. Неговото име е Георги Џимиев - поздрав до него. Додека моторџиите од мото-клубот „Чопер“ нивните мотори ги донесоа со авион, американецот Даг Вотке од Алабама со неговиот мотор Кавасаки патувал два месеци низ европските и земјите од Северна Африка за да стигне во Македонија. Инаку тој работи како автомеханичар. Од сите мото клубови најмногу бројна беше групата од соседна Бугарија. Драган Франкуловиќ - Френки од Панчево, Србија може да се пофали дека неговиот трицикл беше најинтересен и најсликуван. Френки својот мотор го изработил со макотрпна работа за околу пет месеци и за тоа потрошил од три до четири илјади евра. И само уште нешто - одговор на сите што го поставуваат прашањето дали моторџиите, облечени во црна кожа, со долги коси и тетоважи по телото се опасни за нивните животи, одговорот е секогаш ист - тие се неопасни љубители на брзо возење и верувајте никого не задеваат без причина.

За галерија кликни тука!