<body><script type="text/javascript"> function setAttributeOnload(object, attribute, val) { if(window.addEventListener) { window.addEventListener('load', function(){ object[attribute] = val; }, false); } else { window.attachEvent('onload', function(){ object[attribute] = val; }); } } </script> <div id="navbar-iframe-container"></div> <script type="text/javascript" src="https://apis.google.com/js/plusone.js"></script> <script type="text/javascript"> gapi.load("gapi.iframes:gapi.iframes.style.bubble", function() { if (gapi.iframes && gapi.iframes.getContext) { gapi.iframes.getContext().openChild({ url: 'https://www.blogger.com/navbar.g?targetBlogID\x3d13432407\x26blogName\x3dMoto+Drivers\x26publishMode\x3dPUBLISH_MODE_BLOGSPOT\x26navbarType\x3dBLUE\x26layoutType\x3dCLASSIC\x26searchRoot\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/search\x26blogLocale\x3dmk_MK\x26v\x3d2\x26homepageUrl\x3dhttp://motodrivers.blogspot.com/\x26vt\x3d12190939446940058', where: document.getElementById("navbar-iframe-container"), id: "navbar-iframe" }); } }); </script>

Мала емпетри колекција

вторник, март 28, 2006

На блогов ќе се наоѓа и по некоја емпетројка. Сеа за сеа ви ставам емпетроjќе од овја Classic Rock изведуачи:

Nazareth - Hair Of The Dog [5,68 MB]
ZZ Top - La Grange [4,90 MB]
Lynryd Skynyrd - Sweet Home Alabama [6.57 MB]

Понатаму појќе.

Living Legend награда за Lemmy

недела, октомври 16, 2005
Oсновачот на Motorhead, Lemmy е добитник на Living Legend награда на Classic Rock 'n' Roll Of Honour награди.

Jay and Silent Bob критичари

понеделник, август 08, 2005
Еве неколку мрсачи за Jay and Silent Bob Strikes Back филмот:

Wampa-One:
Bluntman and Chronic and their stupid alter egos Jay and Silent Bob only work in small doses, if at all. They don't deserve their own movie.

Magnolia-Fan:
Bluntman & Chronic is the worst comic I ever read. Jay and Silent Bob are stupid characters. A couple of stoners who spout dumb-ass catch-phrases like a third rate 'Cheech and Chong' or 'Bill and Ted'. Fuck Jay and Silent Bob. Fuck them up their stupid asses..

B. Buster:
Jay and Silent Bob are terrible, one-note jokes that only stoners laugh at. They're fucking clown shoes. If they were real, I'd beat the shit out of them for being so stupid. I can't believe Miramax would have anything to do with this shit. I, for one, will be boycotting this movie. Who's with me?

А еве како Jay and Silent Bob ги направија подоле од гомно своите критичари:
All you motherfuckers are gonna pay, You are the ones who are the ball-lickers. We're gonna fuck your mothers while you watch and cry like little bitches. Once we get to Hollywood and find those Miramax fucks who are making that movie, we're gonna make 'em eat our shit, then shit out our shit, then eat their shit which is made up of our shit that we made 'em eat. Then you're all fucking next.

Love, Jay and Silent Bob

http://www.moviepoopshoot.com/old/ – старата страница – (што ја имаше у филмот Jay and Silent Bob Strike Back)
http://www.moviepoopshoot.com – новата страница

Sex Pistols

вторник, август 02, 2005
Sex Pistols можеби беа заедно само две ебани године во касните 70-ти, но за тие две године тие жареа, палеа, растураја (од јаки свирки до растурање и демолирање на хотелски соби) или поедноставно тие ја сменија историјата на попиларната музика. Нивните настапи, нивното однесување, нивната музика беа забранети во Англија, додека во Соединетите Американски Држави имаа поинааков пристап, па таму човекот има право на збор, има своја независност. Sex Pistols претставуваа икона на андерграунд музиката во С.А.Д и во Англија и подоцна станаа многу влијателен бенд, Препотзнатливи останаа по своето невероватно однесување, но исто така и по своите две-три минутни песни исполнети со голема горчина и бес.

Гитаристот Steve Jones (Стиви Џонс) и бубњарот Paul Cook (Паул Кок) редовно го посетуваа бутикот на својот менаџер Malcolm Mclaren (Малком Мекларен). Причина за тоа секако била дека и во бутикот работеше нивниот басист Glen Matlock (Глен Матлок). На тоа место тие го запознаја пејачот John Lydon (Џон Лудон) кој подоцна се преименува во Johnny Rotten (Џони Ротен). На Стиви, Паул и Глен едноставно им се допаднал изгледот на Џони Ротен и поради тоа го поканиле да биде пејач во нивната група. Додека првите тројца членови на Sex Pistols свиреле едноставен рок ен рол со три-четири рифа и биле најобичен бенд пејачот Џони Ротен внесува голема доза на ароганција, текстови за анархија, насилно однесување, фасцинизам и апатија и со тоа стануваат еден од најоргиналните бендови на сите времиња. Секоја чест на основачите на Sex Pistols ама да не бил Џони Ротен Sex Pistols не би биле она што се денес. По кратка работа го издаваат нивниот прв сингл, легендарната песна или може да кажем химна на анархистите “ Anarchy in the U.K.” која беше одлично прифатена од така наречените обични љуѓе, но остро критикувана од влсите на U.K. По издавањето на првиот сингл оригиналноит басист на Sex Pistols Глен Матлок е отпуштен од бендот и на негово место е доведен легендарниот Sid Vicious (Сид Викиус) кој за разлика од другите членови на бендот не знаеше да свири на својот инструмент. Следува нов сингл и тоа исто така легендарниот “God save the queen”.

Првиот албум го издаваат во 1977 година и после тоа заминуваат на турнеја низ С.А.Д. Турнејата започна во Јануари 1978 година и траеше 14 дена. Џони Ротен го напушта бендот после едно шоу во Сан Франциско. Сид Викиус умира поради пре дрогираност, а заедно со него умира и неговата девојка. Менаџерот на Sex Pistols Мцларен се обидува да ги натера Кок и Џонс да продолжат да свират, но тие се вртат против него

Во 1996 година за да го прослават 20-ет годишниот јубилеј Sex Pistols повторно се обединуваат со оригиналниот басист кој овој пат го заменува починатиот Сид. Бендот прави турнеја во јуни 1996 година и после тоа го објавуваат Filthy Lucre Live албумот. Четири години подоцна Julien Temple (Џулиан Темпл) кој им помогна при издавањето на првиот филм на Секс Пистолс The Great Rock & Roll Swindle го режира вториот документарен филм The Filth & th Fury.

Галерија

петок, јули 29, 2005
Еве стаев галерија, па кој сака нека ја глеа. Сеа зеам слике од други групе и ќе ги аплоудирам, и наскоро ќе имате околу 161,568,601 слике :)! Сеа за сеа имате од Металика и слике од Мотори. Наскоро ќе има слике од Моторхед, Ганс енд Роузис, ЗиЗи Топ и тако даље.

Loove Jay and Silent Bob...

Smoke on the water во Скопје

сабота, јули 23, 2005
18 јули - стануем к’ј 12 саат од спиење и идем до кујна да зеем да јадем и мајка ми ми вика: „Цале утре е 19 јули“ и ја и викам знам мамо утре е денот што никогаш нема да се повтори. И ваке-таке едвај д’ноt пројде и мие со друштвото зедовмо две гитаре и у ајдучко маало се загревавмо со песне од Дип Парпл.

19 јули - станав негде к’ј 2 саат и одма се припревав за може да кажем настанот на милениумот во сферата на музиката и пошироко концертот на DEEP PURPLE во Скопје. Настан кој веројатно нема никад да се повтори. И таке дојде време да тргнем накај Скопје. Никад нема да го забреем тоа чувство на возбуда, чувство кое неможе да се опише со зборови. И ете дојде тој момент кога се собра голема толпа пред влезот во Скопскиот саем и ја крајно возбуден влегов внатре каде што неколку часа предтоа туе газеле Јан Гилан, Јан Пејс, Роџер Гловер, Стив Морс и Дон Ејри. Се чувствуеше возбуда и еуфорија меѓу људите кои ги имаше од 7 до 77 године. И таке ние рокериве од Тетово решивме пред да влеземе на големиот простор под отворено небо да се помочаме и таке настрада една зграда во саемот. Откако се олеснивме се вративме на патеката која водеше до свирката или концертот на DEEP PURPLE.

Се собраа околу 7-8 илјаде индивидуе и ја имав среќа да се изгурам меѓу првите редови и од близу да ги видим рок легендете. Рокенролот нокогаш нема да умре верувајте ми во тоа. Времето проаѓаше и на бина се појавија момците од групата Морал предводени од младиот Влатко. Го отворија концертот со „Мора да е кошмар“ и веднаш предизвикаа реакции од публиката. Но ние не би биле Македонци ако не се вреѓаме сами меѓу себе па имаше некои гои го исвиркуваа Влатко и Морал, стварно некоректно од нив. Но што е туе туе е јебига. Откако исвиреа неколку познати песни и една легендарна преработка ја отсвиреја „Кога патувам “ со што го најавија нивното заминување од бината, а тоа воедно значи и настап на легендарните DEER PURPLE. По десеттина минути на сцена се појавува Јан Гилан што предизвикува огромно одушевивање на публиката. Веднаш по него излегуваа и останатите членови на легендарниот и единствениот DEEP PURPLE.

Почнаа со песни од последниот албум Bananas што помина сосема солидно. Потоа следуваа Women from Tokio на која публиката едноставно полуде. Исто таке одлично помина и првиот хит на DEEP PERPLE Hush, kako i Strange Kind of Women. Уживање имаше и на
Highway Star i Black Night. Потоа следува инструметалката на новиот гитарист на бендот Стив Морс кој мене ми праеше многу ќејф. Бев пријатно изненаден од него. Покажа дека добро го владее својот инструмент и со неговото присуство како да не се почуствува неприсуството на оригиналнот гитарист Ричи Блекмур. И за мене и не се почуствува. Феноменаллно од негова страна. На крај на неговото соло имаше неверојатен аплауз од страна на публиката. После неколку песне време да ги покаже своите квалитети имаше клавијатуристот Дон Ејри. Свиреше некои работи типични за на клавир и кога на општо изненадување на публиката неговото соло премина во сегмент од нашата легендарна „Јовано,Јованке“. Публиката одушевена пееше со него. Ја бев паднат во тотален транс, а верувам и голем дел од публиката. Неговото соло заврши со музиката од филмот „Војна на ѕвездите“. Следуваше голем аплауз.

Следуваа уште неколку песне по што гитаристот Стив Морс ги фати веројатно најлегендарните рифофи на историјата на музиката, легендарната „SMOKE ON THE WATER“. Тоа беше срцето на концертот момент кој долго ќе се памети или кој никогаш нема да се забрее. Мислим дека голема грешка направија тие што не платија 1 000 денари кои стварно се исплатија. Публиката пееше smoook on the water fire in the sky smook on the water fire in the sky. Додека публиката пееше легендете гледаа и уживаа. По крајот на оваа песна Јан Гилан и се заблагодарува на публиката и најавува крај на концертот по што публиката извикуваше WE WANT MORE WE WANT MORE.Следува враќење на сцената по што изведуваа уште неколку песни меѓу кои и одличната Lazy. Недостасуваа само Child in Time и Speed King како и Soldier of Fortune на Јан Гилан.

Без оглед на годините они покажаа дека рокенролот е онаа вистинска работа. Покажаа и докажаа дека ROCK N ROLL NEVER GONNA DIE!!!

I WILL ROCK TILL I DIE- LOVE CALE

Заебан Blues во Скопје

понеделник, јули 11, 2005
Пред неколку дена во летниот клуб „Колосеум“ се одржаа првата, а по тоа и втората вечер од Блуз и соул фестивалот. Во првата вечер настапија Raw Hide од Србија и Црна Гора {бивша Југославија} и Vargas blues band, додека на втората вечер настапија Британците Nine below zero и Coen wolters band. Концертот го отворија одличните блузери од нашиот северен сосед Raw hide. Нивниот динамичен блуз е плод на многу работа бидејќи бендот постои од 1982 година и постојано настапува низ многу клубови. Илјадниците свирки се одразуваат на нивното безпрекорно свирење и владеење на своите инструменти како и на подигнувањето на атмосверата во публиката. Тие се претставија со своите жестоки песни, со одличните гитатски сола и со цврстата ритам секција. Иако бендов потекнува од нашиот северен сосед звучи како да потекнува од Чикаго и како редовно да свири во нивните клубови.

По едночасовниот настап на Raw Hide на сцената се појавуваат Vargas blues band. Лидерот на Vargas blues band Havier Vargas стекна светска репутација со мешањето на блузот и шпанското фламенго и со тоа доби место меѓу врвните блуз гитаристи. Токму тоа го прави еден од најпродаваните блуз гитаристи и чест гостин на познати светски имиња. Публиката во Скопје уживаше во двочасовната свирка на Vargas blues band и нивните прекрасни солажи и комбинации од тажен и пожив блуз. Инаку некаде на средината од свирката на сцената се качи и Девон Алман кој е инаку син на легендарниот Грег Алман. Нај интересно беше на крајот на концертот кога публиката со огромен аплаус ги врати на получасовен бис на кој тие свиреа преработки од познати блузери. Најмногу реакции предизвика преработката на легендарната „Лејла“ од Ерик Клептон.

П.С. За Британците Nine below zero и Coen wolters band други пут.